Странските инвеститори бараат активно да се вклучат во носењето на неколку законски решенија и во работата на Економско-социјалниот совет. Тоа му го преложија на премиерот Христијан Мицкоски на средбата во Владата, при тоа поздравувајќи го процесот на хармонизација на царинските стапки со ЕУ, како и воведувањето на меѓународните сметководствени стандарди.

Премиерот Мицкоски ги потсети странските инвеститори дека Владата прави сè за да го олесни нивното работење во земјава, а ова, рече, се однесува и на домашните компании.  – Им подаваме рака на странските инвеститори и на домашните инвеститори. Ние не ветуваме чуда, туку многу работа. Секој ден. За секоја инвестиција, за секое ново работно место, за секој денар повеќе во буџетот, за секој чекор напред на државата – истакна Мицкоски

 

Странските инвеститори бараат активно да се вклучат во носењето на неколку законски решенија и во работата на Економско-социјалниот совет. Тоа му го преложија на премиерот Христијан Мицкоски на средбата во Владата, при тоа поздравувајќи го процесот на хармонизација на царинските стапки со ЕУ, како и воведувањето на меѓународните сметководствени стандарди. При тоа, од страна на 40. компании членки, тие му дадоа на економскиот тим на Владата свои иницијативи забелешки, идеи и конструктивни коментари.

Претседателот на советот, Виктор Мизо, истакна дека намалувањето на царинските стапки е многу важен чекор за странските инвеститори, бидејќи ја зголемува нивната конкурентност и се очекува овие компании да инвестираат во земјава, но и дека ова ќе донесе нови инвестиции во земјава. Мизо истакна дека странските инвеститори се задоволни што е донесен усогласен закон за минималниот глобален данок.

– Олеснување за компаниите е и воведувањето на меѓународните стандарди во сметководството. Што значи нема компаниите да прават двојно сметководство. Пред или по изборите, ќе имаме и работни групи што ќе учествуваат во изготвувањето закони, особено за законите за работни односи, за финансиска поддршка и законот за странци. Укажавме на потребата за членство на странските инвеститори во Социјално-економскиот совет за дозволи за работниците од странство. Но, не за увоз на работници од странство, туку за да дојдат странски експерти и менаџери да го водат почетокот на инвестирањето во земјава – потенцира Мизо.

Премиерот Мицкоски ги потсети странските инвеститори дека Владата прави сè за да го олесни нивното работење во земјава, а ова, рече, се однесува и на домашните компании.

– Им подаваме рака на странските инвеститори и на домашните инвеститори. Не само декларативно туку и суштински, низ институционална поддршка, предвидливи правила и директна комуникација. Проблемите ги решаваме заедно. Ние не ветуваме чуда, туку многу работа. Секој ден. За секоја инвестиција, за секое ново работно место, за секој денар повеќе во буџетот, за секој чекор напред на државата – истакна Мицкоски.

Ваквиот приод, според премиерот, дава резултати. Така, во првиот квартал, БДП реално пораснал за 3,2 %, извозот јануари-мај се зголемил за 3,15 %, додека увозот бележи раст од 1 %. Индустриското производство бележи раст од 9,4 %, а трговскиот дефицит е намален за 80 милиони долари.

Тој најави активни разговори со нови инвеститори во автомобилската индустрија, ИТ-секторот, логистиката, како и нови царински олеснувања за извоз на американскиот пазар.

– Исто така, разговараме со САД за можни царински олеснувања и верувам дека ќе бидеме во групата земји што ќе бидат наскоро објавени, што ќе имаат најповолни услови за да извезуваат на американскиот пазар. Сето ова не доаѓа прекуноќ. Но, доаѓа тула по тула, бидејќи се градат темелите на промените – рече Мицкоски.

Прашан дали ќе бидеме ослободени од царинските тарифи на САД, Мицкоски  рече дека преговорите се во тек, се водат во позитивна насока.

– Неделава е крајниот рок кога македонската јавност ќе знае што е тоа што го добиваме од администрацијата на САД – рече Мицкоски.

Има понуди за финансирање на брзата пруга

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека има понуди за финансирање на изградбата на брзата пруга на Коридорот 10, за кои рокот за доставување заврши вчера. Министерството за финансии има испратено барање за понуди до 24 банки за финансирање на изградба на брзата пруга на Коридорот 10.

– Има интерес за финансирање на проектот за брзата пруга од Коридорот 10, од финансиски институции што досега не биле присутни во овој дел од Европа. Откако ќе биде направена анализата, ќе се излезе со детали во јавноста. Има понуди и тоа не прави особено задоволни, затоа што големи финансиски светски институции што досега не биле присутни во овој дел од Европа, сега пројавуваат интерес да учествуваат во овој проект, што посебно нè охрабрува – рече Мицкоски.

(С. Бл.)

 

 

 

ИЗДВОЕНИ