четврток, февруари 19, 2026
Дома СКОПСКА „Вкусовите на Гази Баба“ на плоштадот во Автокоманда

„Вкусовите на Гази Баба“ на плоштадот во Автокоманда

613

Плоштадот на Автокоманда на 13 јуни ќе биде место што ќе биде исполнето со вкус, музика и со незаборавна енергија. Станува збор за манифестацијата „Вкусовите на Гази Баба“, која ќе започне во 19:30 часот.

Од Општина Гази Баба велат дека на овој настан ќе биде собрано на едно место најдоброто од гастрономијата, културата и од музиката.

Ѕвезда на вечерта ќе биде Саша Ковачевиќ, миленикот на балканската сцена и човек со милионски хитови и со уште повеќе освоени срца, кој ќе приреди шоу за паметење.

 

ИЗДВОЕНИ