Вкусот и мирисот на летото во една слатка: Tорта со праски и бисквити – не се пече, се јаде „грч“ ладна

1408

Торта со праски и бисквити е вкусна летна слатка, а дополнителен плус е што е лесна за подготовка.

Летото е период од годината кога можеме да уживаме во различни и сочни видови овошје, а едно од нашите омилени секако се праските. Тие се превкусни кога се јадат свежи, но исто така одлично одговараат и како дел од овошни колачи и торти.

Состојки:

200 г пандишпан
200 г млеко
500 мл слатка павлака
100 г шеќер во прав
200 г праски + 300 г праски за декорација
250 мл ладна вода
15 г желатин

Подготовка:

Потопете ги бисквитите во млеко и наредете ги во сад. Потоа изматете ја павлаката и шеќерот, па додадете ги сечканите праски во филот. Измешајте. Ставете го филот врз бисквитите, а потоа еден ред сечкани праски врз него.

Измешајте ја водата и желатинот и оставете 10 минути да набабри, потоа загрејте во микробранова печка две минути и прелијте го врз тортата.

Оставете ја готовата торта во фрижидер да се стегне три часа, а потоа уживајте во нејзиниот вкус.

ИЗДВОЕНИ