Ако сте љубител на освежителни слатки, тогаш ова е вистинскиот избор за вас.
Ќе се согласиме дека комбинацијата од малини и крем од фстаци, со некое друго овошје по ваш избор, е победник. „Дубаи“ слатките на безброј начини го популаризираа кремот од фстаци до тој степен што стана неопходен дел од многу рецепти. Иако, не можеме да кажеме дека возбудата не е оправдана и дека не е вкусна, напротив.
Поради неодоливата комбинација на гореспоменатите вкусови, ви донесуваме рецепт кој се заканува да стане олицетворение на ова лето. Едноставно и лесно за подготовка, што е многу важно во денешно време, кога сè друго е поважно од тоа да си угодиме себеси (што е тема за размислување, но во друга статија).
Оваа овошна торта е совршена комбинација од освежителен вкус и лесна, кремаста текстура. На основата од пандишпанот има слоеви од желе од овошје, фил од мус од малини и глазура од црвено овошје, украсени со свежи бобинки и трошки од фстаци. Изгледа луксузно, а е полесна за подготовка отколку што мислите.
Кои состојки ви се потребни?
150 г мелени бисквити
70 г путер
1 лажица млеко
300 г малини
2 лажици шеќер
1 кесичка желатин
250 мл павлака
200 г крем сирење
100 г шеќер во прав
150 г пасирани малини
1 кесичка желатин
100 мл сок од црвено овошје
1 лажица шеќер
1 кесичка желатин
Ф’стаци по желба за декорација
Постапката за подготовка е следнава:
Измешајте ги бисквитите со растопен путер и млеко. Исцедете во калап со дијаметар од 20 см. Оставете да се олади во фрижидер. Сварете ги малините со шеќер. Процедете и додадете го растворениот желатин. Прелијте врз основата и оставете да се стегне. Изматете ја павлаката, додадете го крем сирењето, шеќерот и пасираните малини. Додадете го подготвениот желатин и прелијте го желето. Оставете да се стегне. Загрејте го овошниот сок со шеќерот, додадете го желатинот. Прелијте го мусот како последен слој. Кога глазурата ќе се стегне, декорирајте со овошје, ф’стаци и чоколадни топчиња.
Уживајте!