Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

38

До овој момент вкупно 22 лица побарале асистенција од македонските органи за да ја напуштат територијата на Израел и да се вратат во Северна Македонија, информираше Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Станува збор за македонски државјани, како и членови на нивните потесни семејства.

„Во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање во земјата“, велат од МНР.

ИЗДВОЕНИ