Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство исплати 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадено јагне и/или јаре. Оттаму информираат дека е реализирана исплата на дополнителни директни плаќања од подмерките 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

– Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства одгледувачи на овци и на кози и се корисници од подмерките 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланички капацитет, во периодот од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година – посочуваат од МЗШВ.

ИЗДВОЕНИ