Авиокомпанијата „Визер“ соопшти дека привремено ги суспендира сите летови кон и од Израел, Дубаи, Абу Даби, Аман и Саудиска Арабија поради влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток. Од компанијата информираат дека по неодамнешната ескалација на ситуацијата во Иран, донесена е одлука за суспензија на летовите до и од овие дестинации заклучно со 7 март.

– Континуирано ги следиме случувањата и сме во постојан контакт со локалните и со меѓународните власти, со агенциите за безбедност во воздухопловството и со другите релевантни институции. Како што се развива ситуацијата, можно е да бидат донесени дополнителни оперативни одлуки и да дојде до измени во распоредот на летови – се наведува во соопштението.

Патниците ќе бидат навремено информирани за сите очекувани промени. Оние што ги резервирале своите билети преку трети страни треба директно да се обратат до агенциите или до платформите преку кои ја извршиле резервацијата.

– Безбедноста и сигурноста на нашите патници, екипажот и авионите останува нашиот највисок приоритет. Свесни сме дека ова може да предизвика одредени нарушувања во патувањата и ви благодариме за трпението и разбирањето – додаваат од „Визер“.

Патниците со засегнати резервации ќе бидат директно контактирани со информации за достапните опции.

ИЗДВОЕНИ