Виткоф: Збогатувањето на ураниум и понатамошното вооружување на Иран се црвена линија за САД

127
Фото:википедија (Official White House Photo by Daniel Torok)

Збогатувањето на ураниум и понатамошното вооружување на Иран претставуваат црвена линија за Соединетите Американски Држави, изјави денес специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф.

Тој изрази надеж дека постои шанса за сеопфатен мировен договор со Техеран, објави „Ројтерс“.

„Не смееме да дозволиме вооружување. Тоа ќе го дестабилизира целиот регион. Тогаш на сите ќе им треба бомба, а ние не можеме да го дозволиме тоа“, рече Виткоф.

Тој рече дека има „силно чувство“ дека Иран е подготвен (за преговори).

„Мислам дека наскоро ќе имаме големи најави за земјите што ги потпишаа Абрахамовите договори, имено Бахреин, Израел, Обединетите Арапски Емирати, Мароко и Судан.

ИЗДВОЕНИ