EPA/AL DRAGO / POOL

Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, денес пристигна во Москва, неколку дена пред да истече ултиматумот на американскиот претседател до Русија за запирање на офанзивата во Украина.

Виткоф беше пречекан од специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин, Кирил Дмитриев, објави новинската агенција Тас.

Виткоф, кој е десна рака на Доналд Трамп за „мировни мисии“, се сретна со Владимир Путин неколку пати.

Трамп минатата недела нареди распоредување на две американски нуклеарни подморници по онлајн расправијата со поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев.

Американскиот претседател ѝ даде на Русија десет дена, до петок, да ја запре офанзивата во Украина или да се соочи со нови санкции.

ИЗДВОЕНИ