понеделник, февруари 2, 2026
Дома СВЕТ Виткоф оди во Абу Даби на преговори со Русија и Украина

Виткоф оди во Абу Даби на преговори со Русија и Украина

40
EPA/AL DRAGO / POOL

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Стив Виткоф, ќе присуствува на разговорите со руските и украинските делегации во Абу Даби, соопшти Белата куќа во понеделник, објави Ројтерс.

Порано, украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека следната рунда трилатерални разговори меѓу Украина, САД и Русија за завршување на војната во Украина ќе се одржи на 4 и 5 февруари во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати.

„Извештајот од нашиот преговарачки тим штотуку пристигна. Датумите за следните трилатерални состаноци се одредени: 4 и 5 февруари во Абу Даби. Украина е подготвена за суштински разговори и ние сме заинтересирани исходот да нè доближи до вистински и достоинствен крај на војната“, напиша Зеленски на Телеграм.

ИЗДВОЕНИ