Виткоф ја откажа средбата со Зеленски: Украинскиот претседател има свој план, не му се допаѓа американскиот!

946

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, ја откажа средбата со украинскиот лидер Володимир Зеленски во Турција откако сфати дека тој не сака да разговара за мировниот план на САД.

Изворите велат дека Зеленски дошол со свој предлог, координиран со Европа и инсистирал на разговори во поширок формат.

Трамп ја поддржал одлуката на Виткоф да ја откаже средбата, бидејќи не видел простор за напредок.

„Сега ќе почекаме. Топката е во дворот на Зеленски“, изјави неименуван американски функционер.

Тој додаде дека Зеленски би можел да дојде во Вашингтон за да разговара за новиот план на САД, доколку сака.

Новинарот Кристофер Милер потврди дека документот му е предаден на Киев преку Виткоф и шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев. Според него, Зеленски бил незадоволен од предлогот.

ИЗДВОЕНИ