Витакер: Киев мора да биде подготвен за борба следната година

136

Украина мора да биде подготвена за продолжување на непријателствата во 2026 година, бидејќи мировниот договор можеби нема да биде финализиран до крајот на оваа година, изјави постојаниот претставник на САД во НАТО, Метју Витакер.

„Затоа ЕУ одобри заем од 105 милијарди долари. Бидејќи влегуваме во оваа зима без мировен договор, борбите ќе продолжат“, изјави Витакер за „Фокс њуз“.

Самитот на ЕУ заврши вчера во раните утрински часови по дискусијата што траеше 17 часа и за време на која отпорот на Белгија не беше надминат, а не беше договорена експропријација на руски имот.

ИЗДВОЕНИ