Вистинско сезонско освежување на високите температури: Ласи со диња

79

Напивката ласи потекнува од Панџаб во северна Индија и настанала околу 1000 година п.н.е. Основата му е јогурт кој се комбинира со зачини и овошје и зеленчук. Оваа напивка се користи и во Ајуведата како лек.

Во сезоната на диња ласи со диња е вистински рецепт во кој ќе научите да уживате преку целото лето. Здрава и вкусна напивка која нема да ве остави рамнодушни.

Потребно е:

  • 1 поголема кришка диња
  • 250 милилитри студен јогурт
  • кардамом
  • 2 лажици мед

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер додека да добиете фина пена. Сипете ја добиената напивка, по желба додадете и неколку коцки мраз и послужете се.

Во Индија во ваквите напивки додаваат и малку сол и чили. Солта ја задржува течноста во нашето тело и ни покга да не дехидрираме на високите температури, а чилито ја намалува температурата на телото за полесно да се издржат високите надворешни температури.

 

ИЗДВОЕНИ