Значително надминување на дозволените граници за „PM10“ чистички, олово, кадмиум и арсен, како високи концентрации на честички и тешки метали покажале резултатите од спроведеното мерење на квалитетот на воздух во Трубарево, на 13 и 14 септември по пожарот во складот на „Ф-Групација ДООЕЛ“.Од Министерството за животна средина соопшти дека на 18 и 19 септември, исто така, било спроведено тековно мерење на квалитетот на воздух кое покажало дека моментално нема надминување на граничните вредности и дека концентрациите на „PM10“ честички се во рамки на дозволените граници за заштита на здравјето на луѓето.
Oд Факултет за земјоделски науки и храна апелираат да не се јадат овошјето и зеленчукот од Трубарево, затоа што тешко може веднаш да се согледа колкаво е загадувањето на почвата по пожарот во кој гореа канцерогени материјали. Оттаму посочуваат дека последиците можат да се појават подоцна кога штетните материи ќе навлезат подлабоко во почвата и ќе се разнесат со орање. Затоа советуваат загадената почва да се следи и догодина и повторно да се прават анализи
Значително надминување на дозволените граници за „PM10“ чистички, олово, кадмиум и арсен, како високи концентрации на честички и тешки метали покажале резултатите од спроведеното мерење на квалитетот на воздух во Трубарево, на 13 и 14 септември, по пожарот во складот на „Ф-Групација ДООЕЛ“.
Од Министерството за животна средина соопшти дека на 18 и 19 септември, исто така, било спроведено тековно мерење на квалитетот на воздух кое покажало дека моментално нема надминување на граничните вредности и дека концентрациите на „PM10“ честички се во рамки на дозволените граници за заштита на здравјето на луѓето.
– На 18 и 19 септември 2025 година просечна концентрација ПМ10 честичките била 9,8 микрограми на кубен метар, максималната вредност била 43,3 микрограми на кубен метар, а моментална вредност, 8,2 микрограми на кубен метар. Додека резултатите по пожарот, на 13 и 14 септември 2025 година покажаа дека : ПМ10 ќестичките имале вредност, 92,65 микрограми на кубен метар, додека дозволената граница е 50 микрограми на кубен. Олово било со концентрација на 0,75микрограми на кубен метар (над 0,5 микрограми на кубен метар, кадмиум со 59,1 нанограми на кубен метар (над 5 нанограми на кубен метар, арсенот со 8,9 нанограми на кубен метар (над 6 нанограми на кубен метар, никелот пак бил со концентарција од 6,4 нанограми на кубен метар (во дозволени граници, под 20 нанограми на кубен метар), се наведува во соопштението на МЖСПП.
Оттаму додаваат дека со Државниот инспекторат за животна средина ќе продолжат со мониторинг и навремено информирање на јавноста.
Oд Факултет за земјоделски науки и храна апелираат да не се јадат овошјето и зеленчукот од Трубарево, затоа што тешко може веднаш да се согледа колкаво е загадувањето на почвата по пожарот во кој гореа канцерогени материјали. Оттаму посочуваат дека последиците можат да се појават подоцна кога штетните материи ќе навлезат подлабоко во почвата и ќе се разнесат со орање. Затоа советуваат загадената почва да се следи и догодина и повторно да се прават анализи.
Фабриката за електронски отпад се запали минатата сабота, а густиот црн чад вечерта се спушти во градот. Низ цело Скопје се чувствуваше силен мирис на изгорена пластика. Освен почвата, голем дел од изгореното се разнело и во воздухот и завршило во водата и на крововите, а по миењето од дождовите ќе заврши во канализацијата која ќе го однесе во реката Вардар.
А на пожарите им нема крај, голем нов пожар над село Батинци во непосредна близина на депонијата „Дрисла“ во саботата попладнево ги вознемири скопјани. Пламените јазици опустошија ливади и мешана шума, а пожарот поради ветрот се рашири со голема брзина. Според информациите на надлежните се работи за намерно подметнат пожар.
И додека пожарите уништуваат шуми, фабрики, а запалените депонии го гушат Скопје, власта и опозиција во клинч и меѓусебни обвинувања за пожарите и последиците.
Од СДСМ обвинија дека Владата на ВМРО ДПМНЕ лажела оти воздухот во Трубарево не е загаден, задоцнила со реакција и не презела никакви итни мерки за заштита на граѓаните, вклучително и евакуација. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, потенцираше дека токму поради овие лаги и пропусти, власта била директно одговорна за труењето на луѓето во Трубарево и околните населени места. Воедно побара обвинителството да отвори истрага и да одговараат сите кои дозволиле со своето непостапување да се загрози животот и здравјето на луѓето.
Вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити изјави дека ќе се преземе се што е потребно за санирање на еколошките штети по пожарот во Трубарево. Тој објасни дека се чека да се создадат услови за да се дејствува и оти ќе се направат сите неопходни анализи на водата и почвата врз основа на кои ќе се преземат и соодветни мерки.