Високи казни за фрлање опушок од цигара на јавно место во Берлин

18
pexels

Општинската полиција во Берлин го засилува спроведувањето на мерките против фрлањето на отпушоците од цигари на јавни места. Полицајците ќе бидат на должност и во цивилна облека, објави берлинскиот округ Мите.

Како дел од кампањата на Берлин против неодговорното фрлање отпушоци од цигари, која се спроведува од 22 до 28 септември по повод Светскиот ден на чистење, особено ќе бидат следени областите со високо ниво на загадување.

Како што потврди општинскиот советник Кристофер Шринер, целта е да се намали овој вид загадување на животната средина. Проверките ќе ги вршат униформирани работници, како и полицајци во цивилна облека.

Граѓаните фатени како фрлаат отпушоци од цигари на улица ќе се соочат со казни – предупредувањето е 55 евра, додека казните можат да достигнат и до 120 евра, пишува „Феникс-Магазин“.

ИЗДВОЕНИ