
Извршниот директор на германскиот бундеслигаш Баер од Леверкузен, Фернандо Каро, го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата дека англискиот премиерлигаш Ливерпул не бил прва опција за офанзивниот играч за врска, Флоријан Вирц. Репрезентативецот на Германија се пресели на „Енфилд“, но Каро откри дека шпанскиот гигант Реал (М) бил прва опција за поранешниот фудбалер на „фармацевтите“.











