Вирц му заби нож во грб на Баерн, но Компани подготви брутален одговор

1101
epa11898979 Florian Wirtz of Bayer Leverkusen in action during the German Bundesliga soccer match between Bayer 04 Leverkusen and Bayern Munich in Leverkusen, Germany, 15 February 2025. EPA-EFE/FABIAN STRAUCH CONDITIONS - ATTENTION: The DFL regulations prohibit any use of photographs as image sequences and/or quasi-video.

Сите мислеа дека Баерн е главниот фаворит кога е во прашање најдобриот фудбалер во дресот на Баер од Леверкузен, Флоријан Вирц, и дека овој одличен фудбалер ќе потпише за гигантот од Минхен.

Сепак, големо изненадување беше одлуката на Вирц да ја напушти Германија и да се договори со Ливерпул, а прашање е само на време кога и официјално ќе биде претставен на „Енфилд“.

Челниците на Баерн (М) мислеа дека го комплетирале трансферот на Вирц, но тој пред неколку дена реши да ги извести дека оди во Ливерпул. Во Баерн веднаш почнаа да размислуваат за други играчи, па го најдоа идеалното засилување, кое го одобри и шефот на стручниот штаб, Винсент Компани.

Станува збор за Еберечи  Езе, играчот на Кристал Палас, кој игра феноменално за својот клуб и е подготвен да направи пробив кога е во прашање клупскиот фудбал.

Овој фудбалер има 26 години, а челниците на Баерн (М) сакаат да ја активираат неговата откупна клаузула која изнесува 80 милиони евра.

Баерн и Кристал Палас имаат многу добри односи откако минатото лето го комплетираа трансферот на Мајкл Олисе, кој е многу добар пријател со Езе, за 70 милиони евра.

Покрај Езе, на радарот на Баерн (М) е и играчот на Милан Рафаел Леао, кој неодамна беше означен како „мета“ на Арсенал, но неговата ослободителна клаузула е 150 мил. евра.

Палас се надева дека ќе го задржи Езе, кој беше херој во финалето на ФА Купот во победата против Манчестер Сити, постигнувајќи го единствениот гол на натпреварот.

Езе ја започна својата сениорска кариера во 2016 година во КПР, а потоа беше на позајмица, пристигнувајќи во Палас на почетокот на 2020 година. Од доаѓањето во клубот, тој одигра 165 натпревари, постигнувајќи 39 гола, а дебитираше за репрезентацијата на Англија во 2023 година.

Неговиот договор со Кристал Палас истекува во 2026 година и можеби е идеално време овој клуб да заработи од него.

ИЗДВОЕНИ