Познатата македонска виолинистка Пламенка Трајковска објави нов сингл насловен „Балканска песна број 11“ , а сними и спот.
Како што вели, овој бисер, сниман со гудачки квартет, е вистински музички омаж на балканската традиција, инспириран од македонската народна песна „Билјана платно белеше“.
Пламенка Трајковска, е и авторка и изведувачка на песната, заедно со Милена Гиевска-Андоновска на виолина, Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело.
Песната е дел од новиот албум „Балканско патување“, музичко-истражувачки проект кој ја обединува класичната музика со богатството на мелодии и ритми од сите балкански региони.
Таа е снимена во студиото „Подрумот“ на продуцентот Ангел Ќосев и веќе е достапна на сите музички платформи.