петок, февруари 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Винскиот музеј презентиран на меѓународен саем во Италија

Винскиот музеј презентиран на меѓународен саем во Италија

51

Винскиот музеј Кавадарци изминативе денови беше презентиран на меѓународен саем во Италија, настан под покровителство на УНЕСКО и на Светската туристичка организација, информираа од Музејот.

– Годинава бевме дел од традиционалното учество на нашата држава на Медитеранската берза за археолошки туризам во Пестум. Пред многубројните посетители, ги претставивме тиквешкото богато културно наследство и лозаровинарската традиција во најголемиот регион за грозје и вино, како белег низ времето на нашиот крај – вели директорката на Музејот, Елизабета Ристова. 

Таа наведе дека посетителите биле воодушевени од македонските вино, ракија, ајвар и маџун, од традиционалната тиквешка наутлија, како и од слаткото од тиква, во тиквешко познато како р’чели.

Им се заблагодари на Управата за заштита на културното наследство и на директорката Весела Честоева за можноста Винскиот музеј да се претстави на овој саем, единствен од ваков вид во светот.

 

ИЗДВОЕНИ