четврток, февруари 5, 2026
Дома СПОРТ Вини подготви изненадување за фудбалскиот свет!

Вини подготви изненадување за фудбалскиот свет!

71
epa10131196 Real Madrid's striker Vinicius Junior celebrates after scoring the 1-3 goal during the Spanish LaLiga soccer match between Celta Vigo and Real Madrid held at Balaidos Stadium, in Vigo, northern Spain, 20 August 2022. EPA-EFE/Lavandeira

Драмата околу новиот договор на Винисиус Жуниор во Реал Мадрид продолжува. Агентите на бразилскиот играч неколку пати разговараа со раководството на клубот за продолжување на нивната соработка, но се уште не е постигнат договор.

И понатаму, главен проблем е платата. Винисиус бара иста сума како и Килијан Мбапе, околу 30 милиони евра годишно, но Реал (М) не е подготвен да даде повеќе од 20 милиони и уште неколку милиони со бонуси.

Тоа е главниот проблем во преговорите засега, никој не сака да попушти, па затоа Бразилецот сепак одлучи да реагира.

„Ел Насионал“ тврди дека Винисиус Жуниор поставил јасен услов. Доколку неговата ситуација не се реши до април, тој ќе ги спакува куферите и ќе побара трансфер.

„Вини наводно јасно му ставил до знаење на Реал (М) дека доколку ситуацијата со договорот не се реши до април, тој е подготвен да го напушти клубот“, објавува весникот.

Исто така, се наведува дека францускиот шампион ПСЖ е подготвен да му ја плати сумата што ја бара.

„ПСЖ, поточно Насер Ал-Келаифи, навистина сака да го доведе Бразилецот. Платата од 30 милиони евра исто така не е проблем.“

Секако, Винисиус има нереална понуда од Саудиска Арабија, му се нудат милијарда евра за пет години, но тој не сака да оди на егзотични места во својот најдобар период од кариерата.

Реал (М) засега е цврст во преговорите, првиот човек, Флорентино Перез, не попушта, но ниту агентите на бразилската ѕвезда. Постои желба да остане, но бидејќи нема договор, ќе мора да бара други опции.

Секако ќе има сериозни понуди за неговите услуги затоа што станува збор за еден од најдобрите фудбалери во светот.

Винисиус Жуниор моментално вреди 150 милиони евра, но фактот дека влегува во последната година од договорот ја намалува откупната цена и ќе мора да видиме што ќе се случи на крајот во неговиот случај.

Бразилецот е во малку полоша форма оваа сезона од претходните, на 31 настап, постигна седум гола и имаше 11 асистенции.

Вини стана член на „кралскиот клуб“ во 2018 година, а пристигна од Фламенго за 45 милиони евра. Беше значаен во освојувањето на бројни трофеи, има 353 одиграни натпревари, 113 гола и 94 асистенции.

 

ИЗДВОЕНИ