
Шпанскиот гигант Реал (М) и бразилскиот интернационалец Винисиус Жуниор и понатаму не можат да најдат заеднички јазик околу продолжувањето на соработката. Крилниот напаѓач има договор со „кралскиот клуб“ до 2027 година, а преговорите околу новиот договор се ставени на пауза поради фактот дека Вини побарал да добие 5-годишен договор кој ќе му гарантира годишна плата од најмалку 25 мил. евра.











