
Близок извор до таборот на шпанскиот гигант Реал (М) откри дека бразилскиот интернационалец, Винисиус Жуниор, е фрустриран од фактот дека се уште не е постигнат договор околу продолжувањето на соработката. Актуелниот договор на Вини со „кралскиот клуб“ е до 2027 година и доколку не биде продолжена соработката во следните неколку месеци тогаш во игра ќе биде и опцијата да си замине од „Сантијаго Бернабеу“ на крајот од сезоната.