Вини доби невидена лекција од Сантијаго Кањизарес

502
epa11869188 Real Madrid's Vinicius Junior gestures after his goal with disallowed during the Spanish LaLiga soccer match between RCD Espanyol and Real Madrid, in Cornella El Prat, Catalonia, Spain, 01 February 2025. EPA-EFE/Siu Wu

Бразилецот Винисиус Жуниор и Реал (М) не се ни блиску до договор за продолжување на соработката и затоа се поверојатно е дека ѕвездата на тимот би можела да го напушти „Сантијаго Бернабеу“, но засега ниту една страна не се откажува од преговорите.

Вини бара плата од 30 мил. евра по сезона, Реал нуди околу 20, односно бројката што ја заработува во моментов и затоа не е на повидок конечен договор.

Поранешниот голман на „кралскиот клуб“, Сантијаго Кањизарес, тврди дека Вини, но и другите играчи на Реал, не ги заслужуваат бројките што во моментов им се плаќаат.

„Платата, врз основа на она што го покажува на теренот, не одговара на бројките што се дискутираат или што ќе бидат на маса“, изјави Кањизарес и продолжи:

„Но, од друга страна, другите играчи на Реал (М) на теренот не ги заработуваат сумите што им ги плаќа клубот“.

Винисиус повеќе не се смета за вистински претставник на клубот од страна на публиката во Мадрид. Тоа му го покажаа јасно на натпреварот против Севиља кога „Бернабеу“ го исвиркаа додека го напушташе теренот.

Таквата сцена сигурно силно го погоди 25-годишниот напаѓач, на кого сега му е јасно дека треба да игра многу подобро затоа што само така ќе ја добие подршката од навивачите.

Винисиус е целосно засенет од Французинот Килијан Мбапе, а кога во прашање актуелната сезона, Бразилецот на 30 натпревари постигна шест гола и запиша  девет асистенции.

Тоа е премалку за играч кој минатата сезона многумина го сметаа за најдобар во светот, и јасен знак за Реал дека не смее да се откаже од преговорите.

Кога е во прашање Сантијаго Кањизарес, тој е роден во Мадрид и помина низ сите категории на „кралскиот клуб“. Првично, тој не доби шанса во првиот тим и мораше да се докажува во Елче, Мерика и Селта.

За Реал (М) бранеше на 55 натпревари, а стана легенда на Валенсија. Го носеше дресот на „лилјаците“ дури 413 пати и беше член на една од најдобрите генерации во историјата на овој клуб.

ИЗДВОЕНИ