Фудбалерот Калум Вилсон е нов играч на Вест Хем. Тој се согласи на едногодишен договор со „Чеканите“, откако како слободен агент реши да остане во Премиер лигата и покрај бројните понуди пред се од арапските клубови.
Вилсон одигра 130 натпревари за Њукасл и постигна 49 гола, но клубот и играчот не успеаја да се договорат за продолжување на соработката во сезоната 2024/25.
Триесет и тригодишникот одигра само 25 натпревари, само на два беше стартер.
Според „Би-Би-Си“, Вилсон имал неколку интересни понуди и од Премиер лигата, Саудиска Арабија и од МЛС, но конечната одлука била да се пресели во Вест Хем.