петок, септември 4, 2026
Дома МАГАЗИН Вилијам и Кејт повлекоа радикален потег: Ова е тактиката од која Хари...

Вилијам и Кејт повлекоа радикален потег: Ова е тактиката од која Хари и Меган најмногу се плашат

0

Враќањето на принцот Хари и Меган Маркл во Велика Британија повторно отвори бројни прашања за односот во рамките на британското кралско семејство. Додека јавноста очекува нова средба или евентуално помирување меѓу браќата, се чини дека принцот Вилијам и Кејт Мидлтон не планираат да го направат првиот чекор.

Хари и Меган се вратија во Велика Британија минатата недела, а нивните деца, Арчи и Лилибет, почнаа на училиште. Иако со месеци се шпекулираше дека нивното враќање би можело да донесе голем пресврт во односите со семејството, во моментов нема индикации дека ќе има помирување со Вилијам и Кејт.

Според извор близок до принцот и принцезата од Велс, нивниот план е едноставен – да продолжат да го живеат својот живот и да не обрнуваат внимание на потезите на семјеството Сасекс.

„Не е важно дали Хари и Меган се во Оксфордшир, Калифорнија или Тимбукту. Вилијам и Кејт ќе продолжат со своите животи посветени на јавна служба. Тие сакаат да дадат личен пример“, рече изворот.

Таквиот пристап практично значи игнорирање или негирање на вниманието и комуникацијата, што веќе се толкува од јавноста како нова тактика од страна на принцот Вилијам и Кејт.

Иако неодамна се зборуваше за можно затоплување на односите, особено по средбите на Хари со неговиот татко, кралот Чарлс, односите меѓу браќата остануваат многу сложени. Вилијам, според достапните информации, не покажува никаква подготвеност да ги обнови блиските односи со својот помлад брат.

Покрај тоа, сè укажува дека Хари и Меган нема да го поминат претстојниот Божиќ со другите членови на кралското семејство во Сандрингам, каде што семејството традиционално се собира за време на празниците. Наместо тоа, според британските медиуми, тие би можеле да ги поминат празниците во Монтесито.

Враќањето на семејството Сасекс во Британија досега не го донесе долгоочекуваното помирување.

Напротив, се чини дека двете страни се одлучуваат за сосема различни стратегии – Хари и Меган се обидуваат да ги обноват своите животи во Велика Британија, додека Вилијам и Кејт избираат да продолжат по својот пат, без да се свртуваат назад, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ