Британската дизајнерка Викторија Бекам, сопруга на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, изјави дека се чувствува „предадена“ од својот син Бруклин откако тој јавно ги критикуваше нејзините постапки.
Викторија е убедена дека во минатото направила сè што можела за да го заштити Бруклин од приказни кои не го прикажувале во најдобро светло, објавува „Дејли Мирор“, повикувајќи се на извори.
Викторија верува дека Бруклин и неговата сопруга Никола Пелц биле „неразумни“ што се дистанцирале од своето семејство и изнесувале сериозни обвинувања.
„Викторија се чувствува предадена затоа што направила сè што можела за да ги пречека двајцата со љубов и Никола да им стане како уште една ќерка“, рече добро информираниот извор.
Колумнистката на „Дејли Меил“, Кејти Хајнд, тврди дека Викторија ангажирала експерти за односи со јавноста и адвокати за да го заштити нејзиниот син од лажни приказни што го поврзувале со погрешни луѓе и поранешни девојки.
26-годишниот Бруклин објави соопштение во понеделникот во кое ги обвинува своите родители, Дејвид и Викторија Бекам, дека прават сè што можат за да му го уништат бракот.
Тој ја обвини Викторија дека „го киднапирала првиот танц“ на неговата свадба со Никола Пелц во 2022 година, нарекувајќи го нејзиното танцување „несоодветно“.
Бруклин рече дека не сака да „склучи мир“ со своето семејство поради нивните постапки.
„Не сакам да бидам контролиран, конечно се борам за себе“, рече тој.
Во меѓувреме, диџејот Фет Тони, гостин на свадбата, откри дека Никола ја напуштила просторијата во солзи откако Викторија ги изненадила сите со првиот танц со Бруклин, што довело до несогласувања и тензии меѓу младенците.
„Бруклин бил очаен затоа што мислел дека ќе има прв танц со сопругата“, рече диџејот, додавајќи дека „тајмингот“ на танцот бил „несоодветен“, што, според него, ја направило ситуацијата многу непријатна за сите присутни.












