Македонскиот натпреварувач во велеслалом, Виктор Петков го освои 55. место на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.

Петков по двете возења оствари време од 2:48:37 минути со што заостануваше 24 секунди и 367 стотики зад победникот Лукас Пинеиро Братен, кој на овие Игри ги брани боите на Бразил.

За Македонија до крајот на Олимписките Игри ќе настапи уште Јана Атанасоваска која ќе се натпреварува во велеслалом и слалом на 15 и 18 февруари.

ИЗДВОЕНИ