Викендов северен ветер и температури во опаѓање

42

За време на викендот ветерот ќе го смени правецот во северен со умерен, долж Повардарието повремено засилен интензитет, а температурите ќе бидат во опаѓање.

Времето утре ќе биде променливо облачно, ветровито и нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува засилен, наместа силен западен ветер (над 70км/ч.) во форма на невреме.

Во сабота во западните делови ќе има повремен дожд. Ќе дува северен ветер кој ќе продолжи и во недела и ќе услови опаѓање на дневната температура. Потоа времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневната температура.

ИЗДВОЕНИ