Под влијание на нов продор на топол воздух од југ, од Африка, викендов во Македонија повторно ќе имаме поголем пораст на температурите на воздухот, но нема да има екстремно високи температури. Времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
И во Скопје и околината викендов времето ќе биде сончево со мала локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата пак ќе бележи поголем пораст.
Максималните дневни температури веќе од недела, 13 јули, повторно речиси насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието тие ќе се искачуваат до околу 37/38 степени. Релативно свежо ќе биде и утрешното саботно утро, 12 јули, кога минималните температури во Македонија ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 17 степени, а во Скопје и околината до околу 13 степени,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.