Под влијание на нова циклонска активност со центар над Јонското Море, викендов, сабота и недела, 24 и 25 мај, во Република Македонија се очекуваат значителни временски промени. Времето ќе биде нестабилно, со обилни и поројни врнежи од дожд, локални грмежи и повремено засилен северен ветер, особено изразен во недела, пишува Метеоаларм.
Според метеопрогнозерот Славчо Поповски на одредени локации ќе има услови за појава на краткотрајно, но интензивно невреме, со пороен дожд, силни електрични празнења, ветер со брзина над 60 км/час и појава на град.
=Покрај дождот, викендов ќе се почувствува и значително заладување. Студена воздушна маса од север ќе ја спушти температурата на воздухот под просекот за овој период од годината. На повисоките планини, над 1700-1800 метри надморска височина, особено во западните и северозападните делови, повторно се очекуваат врнежи од снег, додава Попоски.
Тој советува да се следат најновите метео информации во наредните денови, како и официјалните предупредувања од надлежните институции.