Виетнам ја укина „политиката на две деца“

55

Виетнам ја укина својата политика заограничување на две деца за да се справи со проблемите со популацијата, откако земјата од Југоисточна Азија забележа пад на наталитетот, пренесе Анадолу.

Пратениците во Постојаниот комитет на Националното собрание ги одобрија измените на законот за население во вторник, објави дневниот весник „Ханој тајмс“.

„Ажурираниот закон им овозможува на паровите слободно да одлучуваат за времето, бројот и разликата помеѓу децата, земајќи ги предвид нивната возраст, здравје, образование, работа, приход и капацитет за одгледување деца, сето тоа врз основа на принципот на еднаквост“, рече министерот за здравство Дао Хонг Лан.

Мерката за две деца во Виетнам беше воведена во 1988 година, но сега се суспендира поради стравот дека ниската стапка на наталитет негативно ќе влијае на економијата.

Виетнам има население од околу 100 милиони, а во изминатите три години стапката на фертилитет е под потребниот праг на репродукција од 2,1, што е историски низок индикатор. Феноменот главно ги погодува главниот град Ханој и Хо Ши Мин – двата економски центри на Виетнам, каде што трошоците за живот се високи.

ИЗДВОЕНИ