среда, февруари 4, 2026
Дома СВЕТ Виена го зазеде првото место меѓу светските конгресни метрополи

Виена го зазеде првото место меѓу светските конгресни метрополи

103

На списокот на конгресни метрополи за 2024 година (ИЦЦА- Меѓународна конгресна асоцијација) главниот град на Австрија го зазеде првото место во светрот, пред Лисабон и Сингапур.

Во текот на минатата година се одржани 154 контреси во Виена, кои, според градоначалникот Михаел Лудвиг, му донеле 1,3 милиони евра на градот и обезбедиле 23.500 работни места.

Во Виена во текот на 2024 година се одржани вкупно 6.619 конгреси и деловни состаноци, со околу 670.000 учесници и остварени 1,9 милиони ноќевања.

„Нашата цел е и понатаму секое десето ноќевање во градот да биде резултат на конгреси или деловни состаноци“, нагласи директорот на Туристичката организација на Виена, Норберт Кетнер.

 

ИЗДВОЕНИ