ВИДЕО: Убедена е дека снимила вонземјанин на нејзината веранда!

197

ФОТО: YOUTUBE/screenshot

Секако, следниов кадар нема да докаже постоење на вонземјани, или поточно нивно присуство на нашата планета, но ако ништо друго, можеме да кажеме дека е многу интересен.

Снимено е од камера инсталирана во куќата на Џесика Ортиз од калифорнискиот град Комптон, а на него се гледа необична ниска фигура чиј обем на главата потсетува на познатите „Сиви“, суштества кои се споменуваат во контекст на вонземски посетители уште од 1960-тите.

„Камерите што детектираат движење не беа активирани, но интересно е да се додаде дека мојата тетка, која живее во непосредната близина, ми кажа дека околу 00:45 часот слушнала три гласни тресоци на покривот од нејзината куќа.

Не застанало тука, следеле звуци на гребење, поради што таа втрчала во собата и почнала да се моли“, му рекла Ортиз на сопственикот на YouTube каналот Hidden Underbelly, познат по објавувањето разни видеа поврзани со паранормални феномени.

ИЗДВОЕНИ