Група рибари кои ги објавуваат своите искуства со жителите на езерото и морето на YouTube каналот „Jungdam Story“ биле искрено запрепастени една ноќ кога одеднаш се појавило мистериозно суштество во реката Хан.
Доцна во ноќта, групата ловела риба во близина на паркингот на Националното собрание во Јеуидо, кога се појавило сè уште неидентификуваното суштество.
На почетокот, рибарите помислиле дека гледаат поголема риба, но по неколку минути им станало јасно дека станува збор за нешто сосема друго.
„Суштеството останало во истата област околу дваесет минути, но постојано се движело“, било кажано, а се проценувало дека суштеството било долго помеѓу шест и десет метри.
„Беше темно, густо и долго“, нагласиле рибарите.
Видеото досега собрало нешто помалку од 700.000 прегледи и предизвикало бројни шпекулации во коментарите, додека експертите ги повикале луѓето да не паничат и потсетиле дека во реката Хан живеат видови како што се видри и големи есетри.
Вреди да се додаде дека во 2022 година е објавено видео со слична тема, но потоа мистериозниот објект бил идентификуван како најобичен пловак.