Почетокот на новата сезона на Светскиот куп во скијачки скокови не започна баш најдобро за Германија, иако имаат двајца скокачи на врвот, поточно во Топ-10 се Филип Рајмунд и Феликс Хофман.

Рајмунд и Хофман изненадија на стартот од новата сезона, но оние од кои се очекуваше многу повеќе – целосно разочараа.

Карл Гајгер со години е еден од најдобрите во овој спорт, но оваа сезона целосно потфрли – освои само 12 бода. Ова скапо ќе ги чини Германците, па на следните натпревари, кои ќе бидат на нивни терен во Клингентал (Клигентал е, всушност, замена за Американецот Лејк Плејсид), дојде до голема промена во составот.

Поради исклучително лошата форма, тренерот на германската репрезентација, Стефан Хорнгахер, одлучи да го префрли Гајгер во Б-тимот. Неговото место ќе го заземе Лука Рот.

  • Карл Гајгер нема да се натпреварува во Клингентал. Тој ќе го искористи ова време за да ја подобри својата техника под надзор на Максимилијан Мелер. Лука Рот ќе го заземе неговото место во тимот за Светскиот куп, рече Хорнгахер.

Самиот Гајгер е свесен за својата лоша форма и мирно ја прифатил оваа одлука.

  • Сè тргна наопаку. Кога скокате лошо, скокате лошо на секој рид. Се појавија истите проблеми како и на претходните натпревари. Не знам како да се справам со нив. Мораме да направиме нешто. Можеби да смениме нешто на тренинг, или можеби треба да се вратам на Континенталниот куп, Гајгер свесно говореше за проблемите.

Инаку, Гајгер има 15 победи на Светскиот куп и 40 подиуми. Тој беше вицешампион на светот во 2019 година, како и светски шампион во екипно натпреварување. На Олимписките игри, тој освои сребро и бронза во екипно натпреварување, како и бронза во индивидуална конкуренција.

 

ИЗДВОЕНИ