вторник, јули 7, 2026
Дома БАЛКАН Вицепремиерот на Украина со делегација во посета на Србија – денеска во...

Вицепремиерот на Украина со делегација во посета на Србија – денеска во Белград ќе остварат средба со Вучиќ

35

Делегација украински бизнисмени предводена од вицепремиерот на Украина задолжен за европски и евроатлантски интеграции, Тарас Качка, е во Белград, каде што ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ.

За време на посетата на украинската делегација се очекува да биде потпишана заедничка изјава за продолжување на преговорите за Договор за слободна трговија меѓу владите на двете земји, објавува РТС.

Украина е единствената земја во Европа со која Србија нема потпишано Договор за слободна трговија. Преговорите започнаа во 2005 година како дел од процесот на пристапување на Србија кон Светската трговска организација.

Вчера во Белград се одржа српско-украински бизнис форум, на кој учествуваа повеќе од 40 српски и украински бизнисмени, претставници на институции и компании од секторите земјоделство, речен транспорт и логистика, машинско инженерство, метална и електроиндустрија со цел зајакнување на економските врски и поврзување на компаниите од двете земји.

Вицепремиерот на Украина, Тарас Качка, на форумот, како што соопшти Српската стопанска комора, изјави дека сега е „вистинско време“ за поинтензивен развој на билатералната трговија и заедничките проекти и дека го гледа Договорот за слободна трговија како проект на долгорочна соработка.

ИЗДВОЕНИ