Измамници во Белгија повеќе од една година се обидуваат да изнудат пари од високи странски владини претставници и бизнисмени, користејќи вештачка интелигенција за да се претстават како членови на кралското семејство, вклучувајќи го и кралот Филип, соопштија Федералното обвинителство и Белгискиот центар за сајбер безбедност.
Измамниците, меѓу другото, организирале видео повици со лажна фотографија од кралот Филип, а во друг случај, од жртвите барале да спонзорираат фиктивна гала вечера што наводно требало да ја организира Фондацијата „Крал Бодуен“ подоцна оваа година.
Во овие шеми, од жртвите секогаш се барало финансирање за наводно специфични цели, а во еден случај, измамниците тврделе дека парите биле потребни за ослободување на белгиските новинари кои наводно биле држени како заложници во Сирија.
Измамниците внимателно избирале цели за кои верувале дека имаат врски со кралското семејство за да го зголемат кредибилитетот на нивните тврдења, објави „Браселс тајмс“.
Иако повеќето од контактираните лица не паднале на измамата, евидентиран е барем еден случај во кој е извршен трансфер на пари.
По кратка пауза на почетокот на 2026 година, измамниците ги продолжија своите активности користејќи нови сценарија, пишува порталот.












