Вежбалница во Паркот на франкофонијата

122

Вежбалница на отворено со 17 справи за вежбање е поставена во Паркот на франкофонија. Со тоа, Општина Центар создаде современо катче за здрав и активен живот.

Оттаму велат дека фитнес-зоната е поставена на барање на граѓаните, кои ќе можат да спортуваат на клупи за стомачни вежби, на висечки и паралелни шипки, вертикална решетка, на боксерска вреќа и др.

– Новата вежбалница е совршено место за вежбање и рекреација. Ваквите простори нудат тренинг на свеж воздух без потреба од членство или дополнителни трошоци. Верувам дека рекреативците и љубителите на спортот од сите возрасти ќе уживаат вежбајќи во преубавиот зелен амбиент на паркот – истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Деновиве ќе биде поставена и вештачка трева, што обезбедува удобна и безбедна површина за вежбање. Опремата е изработена од висококвалитетен материјал со заштитен премаз и боја во прав, што гарантира издржливост и отпорност на влага и на атмосферски влијанија.

Просторот за вежбање е реализиран по предлог на граѓаните, во рамки на Маалските средби организирани од локалната самоуправа, а во согласност со општинските приоритети за промовирање на спортот и здравиот начин на живот.

 

ИЗДВОЕНИ