Легендарниот шпански кошаркар, Серхио Љуљ (37), засега не планира да се пензионира, бидејќи ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и следната сезона. Се очекуваше да ѝ стави крај на кариерата по завршувањето на сезоната, со оглед на тоа што има 37 години. Сепак, одлучи да „танцува“ на теренот уште една сезона.
Како што објави шпанскиот весник „Марка“, искусниот плејмејкер започнал преговори со „кралевите“ за нов договор и засега сè се движи во добра насока. Доколку конечно се случи тоа, Љуљ ќе ја има својата рекордна 19. сезона во мадридскиот тим, за чии бои настапува од 2007 година.
⚪ Sergio Llull seguirá una temporada más en el Real Madrid. Leyenda blanca. #LigaEndesa https://t.co/ioa27l1wsH
— MARCA (@marca) July 8, 2025
Очигледно, свој придонес врз оваа негова одлука имал и новиот тренер на Реал, Серџо Скариоло, кој го замени Чус Матео пред неколку дена.