Новиот генерален менаџер на Сакраменто кингс, Скот Пери, го остави својот прв белег во составот во текот на меѓусезоната, но имаше уште еден потег во ракавот пред почетокот на регуларната сезона. Според доброинформираниот новинар од ЕСПН, Шамс Чаранија, Расел Вестбрук се согласил за договор со Сакраменто.
И покрај тоа што не беше со тимот во текот на целиот тренинг-камп, тој постојано беше поврзуван со Кингс.
Сем Амик од „Атлетик“ известува дека договорот на Вестбрук со Сакраменто е за една година и минималец од 3,6 милиони долари.
Со 36 години и 17 години искуство во НБА, кариерата на Вестбрук е добро позната: МВП на лигата, девет пати беше на ол-стар натпреварите…