По речиси седум месеци лекување, утрово почина Владимир Блажев-Панчо од групата „ДНК“ во болницата каде што се лекуваше, како последица на повредите што ги претрпе во пожарот во дискотеката „Пулс“.
Панчо настрада во кобниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени.
Панчо е 63 жртва на страотниот пожар и деветтиот член на ДНК кој го изгуби животот. Животот го загубија и пејачот на бендот, Андреј Ѓорѓиески, придружниот вокал Сара Пројковска, која беше и професорка на Факултетот за музичка уметност, тапанарот на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, официјалниот фотограф на групата, Александар Ефремов, тонецот на групата ДНК, Игор Велков и битбоксерот Мартин Атанасовски Буцо.
Информанцијата ја потврдија од Јавното обвинителство, од каде што информираат дека Обвинителството ќе издаде наредба за обдукција на лицето за кое постапката беше времено прекината токму заради здравствената состојба.