сабота, февруари 14, 2026
Дома СПОРТ РАКОМЕТ Веспрем во лов на Виктор Итуриза

Веспрем во лов на Виктор Итуриза

34

Унгарскиот гигант Веспрем е во напредни преговори со португалскиот репрезентативен пивот Виктор Итуриза, пишува „Хандбалл Бассе“. Тој би требало да биде замената за Никола Граховац, кој на крајот на летото заминува од унгарскиот шампион.

Покрај Граховац, ќе замине и францускиот репрезентативец Лудовик Фабрегас, кој ќе се врати во Барселона, но и за него Веспрем има подготвено замена. Станува збор за египетскиот репрезентативец Ахмед Адел, кој со одличните игри во Ал Ахли го привлече вниманието на многу клубови.

Адел потпиша договор на една сезона со Веспрем, па триото пивоти од лето би требало да биде Итуриза, Адел, Пешмалбек.

ИЗДВОЕНИ