сабота, јануари 31, 2026
Дома СПОРТ РАКОМЕТ Веспрем плати 80.000 евра отштета за Додиќ

Веспрем плати 80.000 евра отштета за Додиќ

23
handballveszprem.hu

Пишувањата на „Моцарт Спорт“ доби и официјална потврда дека Стефан Додиќ е нов ракометар на унгарскиот ракометен гигант Веспрем. Тој потпиша договор со најтрофејниот и финансиски најмоќен клуб во светскиот ракомет, кој ќе важи до јуни 2027 година.

Со овој трансфер, задоволни можат да бидат и во редовите на Војводина, која оствари рекордно обештетување во историјата на клубот. Според информациите, станува збор за сума поголема од 80.000 евра, со што е надминат и претходниот рекорд поставен пред помалку од две години при трансферот на Лука Роган во германскиот Лајпциг.

Иако договорот на Додиќ со Војводина истекуваше во јуни, неговите одлични настапи на Европското првенство драстично му ја зголемија пазарната вредност.

Познат по својата креативност, преглед на играта и смелост во одлучувачките моменти, Додиќ важи за еден од најперспективните ракометари на својата позиција во регионот. Се работи за играч кој почна со ракометот во Македонија, како дете на Металург каде пристигна по барање на Лино Червар, а патуваше од Врање до Скопје секој ден за да оди на тренинг и на училиште

Со 15 години и седум месеци тогаш Додиќ настапи во Лигата на шампионите, стана и најмлад стрелец во историјата. Потоа кариерата го носеше преку ГРК Охрид и Вардар 1961, во Киелце, потоа Загреб, Целје, Војводина, па сега Веспрем.

ИЗДВОЕНИ