Весникот ВЕЧЕР и издавачката куќа „Матица македонска“ од понеделник, 6 октомври, ги наградуваат најверните читатели со книга со што ја промовираме читачката култура. Сите оние што ќе соберат пет последователни купони, од 1 до 5, (резервниот ќе биде објавен во сабота) објавени на страниците на весникот, ќе имаат можност бесплатно да добијат книга од познати европски и светски писатели, но и од македонски автори, во издание на „Матица македонска“.

Секој понеделник ќе ги објавуваме насловите на книгите што ќе бидат избрани за неделата и со собраните купони ќе можат да одберат книга директно во продавницата на „Матица македонска“, на булеварот „Климент Охридски 23“ во Скопје, веќе од наредниот понеделник.

Истовремено, освен бесплатна книга, со петте купони Матица македонска одобрува и 30 % попуст на кој било наслов од изданија на оваа издавачка куќа.

Читателите на весникот ВЕЧЕР ќе треба само да ги исечат купоните кои секој ден ќе излегуваат на страницата на рубриката „Култура“ и да ги приложат на касата во книжарницата, а потоа и да ја изберат омилената книга од понудените.

Исто така, ќе можат да добијат и препорака од вработените, како и да се информираат за постојните, но и за идните изданија на „Матица“, која нуди широк избор на дела од сите жанрови.

Љубителите на книгата имаат убава можност од богатата колекција на изданија да ги збогатат своите библиотеки. „Матица македонска“ располага со романи за сите генерации, семејни приказни, автобиографии, фантастика, филозофија, психологија, историја, драма, трилер, мистика, есеистика, гастрономија, право и политика, лексикографија, книги за деца, енциклопедии, духовна литература, книжевна критика, поезија и разни креативни изданија.

Првиот избор читателите ќе можат да го направат меѓу десет наслови кои ќе бидат објавени во понеделник.

ИЗДВОЕНИ