Според весникот „Зидојче Цајтунг“, подружница на „Алијанц“, најголемата германска осигурителна компанија, планира да замени 1.500 работни места со вештачка интелигенција.
Планот се однесува на „Алијанц Партнерс“, компанија за патничко осигурување и осигурување на автомобили. Според весникот, компанијата планира во иднина да ги пренасочи едноставните барања преку кол-центар кон вештачка интелигенција.
„Алијанц Партнерс“ ниту ги потврди ниту ги негираше обвинувањата.
„Сè уште сме во раните фази на тестирање на промените и ќе видиме каде ќе нè однесат“, изјави претставник на компанијата без понатамошен коментар.
„Зидојче“ вели дека „Алијанц Партнерс“ планира да ги замени работните места со вештачка интелигенција во неколку земји – во моментов вработува 22.600 луѓе, од кои 1.600 се во Германија.
Дебатата за тоа дали автоматизацијата и дигитализацијата ќе ги укинат многу работни места во финансискиот сектор трае со години.
Групацијата „Алијанц“, со седиште во Минхен, вработила околу 9.000 работници во последните 10 години, а на крајот од 2024 година имала 156.626 работници низ целиот свет, пренесе SEEbiz.












