Иако сме географски многу блиску едни до други, како соседи, едвај пристигаат вести од грчката естрада кај нас. Сепак, деновиве пристигна ексклузивната вест за свадбата на најпопуларниот грчки поп-пејач, Константинос Аргирос, чија популарноста се споредува со некогашната популарност на нашиот Тоше. Неговата голема Грчка свадбена веселба со сопругата Александра Ника е главен настан во грчките пишани и електронски медиуми. Константинос Аргирос е присутен на грчката естрада со години, и тоа со мегахитовите „Ksimeromata“, „Psemata“ и „Athina Mou“, со кои масовно се забавуваат и многубројните странски туристи, а меѓу нив и нашите од Македонија. Според грчките новинари, на свадбата присуствувале околу 150 гости. Брачната двојка славела со бузуки и сиртаки во околината на Атина, а потоа забавата продолжила во семејниот дом на родителите на невестата Александра Ника. Се дознава и тоа дека таа е повторно во блажена состојба, во третиот месец од бременоста. (Д. М.) фото:Инстаграм