Четирикратниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, го шокираше светот. Тој објави дека наскоро ќе ја заврши кариерата, иако има само 28 години. И покрај тоа што продолжува да бележи врвни резултати, не се гледа себеси во болидот уште долго.

Тој има договор со Ред бул до 2028 година и прашањето е дали ќе се занимава со професионален спорт откако ќе истече.

  • Дефинитивно се гледам себеси како се приближувам кон крајот на мојата кариера. Би рекол дека новите правила не ми помагаат да продолжам. Сепак, тоа ми е сè помалку важно, задоволен сум од мојот пат и од она што го оставам зад мене. Можам да оставам сè без никаков проблем. Веќе имам некои други проекти – рече Верстапен.

Тој не сака да вози во своите подоцнежни години и е доста задоволен од она што го има постигнато во својата кариера. Сè повеќе му недостига семејството и тоа е главната причина зошто објави за своето пензионирање.

  • Кога имаш 60 или 70 години, кого го интересира дали имаш четири или десет титули? Како што стареам така сакам да бидам со моето семејство сè повеќе и повеќе, додека се сите тука. Тоа го учиш со текот на времето. Неодамна скијав со пријателите и со семејството и беше одлично што поминав неколку дена со нив и уживав во животот. Сакам да живеам – има само еден живот! Не сакам да поминам 25 години зад воланот. Можеби, звучи драматично ова, но не сакам да живеам само за да се натпреварувам – рече Верстапен.

Тој има гарантиран договор со Ред бул, каде што ќе заработува околу 40 милиони евра годишно, и е предвидено да трае до 2028 година. Дали навистина ќе ја шокира планетата и ќе се пензионира на 31 година, останува да видиме.

ИЗДВОЕНИ