Макс Верстапен победи на трката за Големата награда на Катар откако ја искористи лошата тимска стратегија на Мекларен и остана во трка за титулата. На патеката „Лосаил“, тој победи пред Оскар Пјастри и Карлос Саинц, како и пред лидерот во генералниот пласман, Ландо Норис.

Холанѓанецот напредуваше на стартот, кога успеа да се пробие на втората позиција пред Норис, а зад Пјастри. Клучната грешка ја направи во моментите кога, поради инцидентот во кој се најде Хулкенберг, излезе безбедносното возило на патеката. Сите возачи, со исклучок на пилотите на Мекларен велгоа во боксот.

Зад најдобрите четворица завршија возачите на Мерцедес, Кими Антонели и Џорџ Расел, односно Фернандо Алонсо, Шарл Леклер, Лијам, Лосон и Јуки Цунода.

Фактот дека Норис, Верстапен и Пјастре постигнаа по седум победи во оваа сезона покажува колку е изедначено во овој шампионат. Во пресрет на последната трка во Абу Даби, наредната недела, Норис останува на врвот, но сега има само 12 бода повеќе во однос на Верстапен и 16 од Пјастри.

ИЗДВОЕНИ