
Макс Верстапен и Оскар Пјастри во моментов се главни претенденти за шампионската титула во Формула 1 шампионатот, а разликата е огромна и е во корист на возачот на Мекларен. Сега, на оваа тема се надоврза и поранешниот шампион Жак Вилнев, кој возеше за Вилијамс.
Пјастри и Норис победија на 12 од 15 трки оваа сезона, нивниот Мекларен веќе ја обезбеди шампионската титула кај конструкторите, а на преостанатите шест трки ќе го дознаеме и шампионот кај возачите.
- Мислам дека Верстапен ќе биде шампион и дека тоа ќе биде најдобрата сезона во неговата кариера. Двајцата возачи на Мекларен се дават под притисокот, треба да се разбудат – изјави Вилнев за „Газета дело спорт“.
Верстапен беше 104 бода зад Пјастри на почетокот од септември, а сега заостанува 63 бода. Оскар има 336, а Макс 273 бода. Ако дојде Холанѓанецот до титулата, тоа ќе биде најголемиот пресврт во историјата на Формула 1.
Мика Хакинен, заедно со Вилнев, изјави за италијанскиот портал:
- Мекларен е фаворит, според мене. Неговиот тим има доволно да им понуди на своите возачи за да избегнат проблеми и неволји. Ландо е поискусен, знае за што се бори, а Оскар е водечки. Двајцата се многу добри. Ќе видиме кој од двајцата ќе биде подобар.
Ландо Норис е втор во шампионатот на Формула 1 со 314 бода.