среда, февруари 18, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Верниците да се пријават за манифестацијата на Водици

Верниците да се пријават за манифестацијата на Водици

87

Општина Кавадарци ги повика верниците да се пријават за манифестацијата со светиот крст за Водици.

– И годинава со црквите „Свети Димитрија“ и „Света Петка“, ја продолжуваме традицијата за положување на светиот крст за прославата на Водици. Покана до сите кои сакаат да учествуваат на овој убав црковен чин, да дојдат во црквата „Свети Димитрија“ и заедно со поворката и свештените лица, со литија да се упатат кон градскиот мост – соопштија од кабинетот на градоначалникот, Митко Јанчев.

Оттаму потсетија дека настанот ќе се одржи во недела, 19 јануари.

– Положувањето на светиот крст ќе биде од 11 часот во водите на реката Луда Мара, на градскиот мост на улицата „7 Септември“, веднаш по одржувањето на божествената литија, како и во месноста Моклиште од 12 часот. За најсреќните учесници кои ќе го фатат крстот, следуваат пригодни подароци – информираа од Општина Кавадарци. 

 

ИЗДВОЕНИ